Dental caries is a biofilm-mediated, sugar-driven, multifactorial, dynamic disease that results in the phasic demineralization and remineralization of dental hard tissues. Caries can occur throughout life, both in primary and permanent dentitions, and can damage the tooth crown and, in later life, exposed root surfaces. The balance between pathological and protective factors influences the initiation and progression of caries. Risk for caries includes physical, biological, environmental, behavioural, and lifestyle-related factors such as high numbers of cariogenic bacteria, inadequate salivary flow, insufficient fluoride exposure, poor oral hygiene, inappropriate methods of feeding infants. Dental Caries is oral disease that greatly threaten human being’s health. Though dentists and researchers struggled for decades to combat this oral disease, the incidence and prevalence of dental caries remain quite high. Therefore, improving the disease management is a key issue for the whole population and treatment of dental caries. So clinical assessment system of caries prevention and management is established based on dental caries diagnosis and classification. The current trend in treating dental caries is using nondestructive risk‑based caries management strategies rather than focusing on the restorative treatment alone. Currently, there have been many changes in understanding of the multifactorial nature of caries process and its management.
Денталниот кариес е мултифакториелно динамично заболување предизвикано од присуството на биофилм и шеќери, настанува како резултат на наизменичното менување на процесите на деминерализација и реминерализација на тврдите забни супстанции. Кариесот може да се појави во текот на животот, како кај млечните така и кај трајните заби и може да ја оштети коронката на забот, а подоцна и експонираните површини на коренот. Рамнотежата помеѓу патолошките и протективните фактори влијае на започнувањето и прогресијата на кариесот. Ризикот за настанување на кариес вклучува физички, биолошки, еколошки, фактори на однесување и начин на живот, како што се голем број на кариогени бактерии, несоодветен проток на плунка, недоволна примена на флуор, лоша орална хигиена, несоодветно хранење на доенчиња. Денталниот кариес е орално заболување кое во голема мерка го загрозува здравјето на луѓето. Иако стоматолозите и истражувачите се стремат со децении да го победат ова заболување, инциденцата и преваленцата на денталниот кариес остануваат доста високи. Затоа, подобрувањето на начинот на кој се справуваме со болеста е клучно прашање за целата популација и третманот на денталниот кариес. Така, системот за клиничка проценка за превенција и справување со кариесот се темели врз основа на дијагноза и класификација на денталниот кариес. Современиот тренд во третманот на денталниот кариес е користење на недеструктивни стратегии за справување со кариесот кои се темелат на ризикот од настанување на заболувањето, наместо да се фокусираме само на реставративниот третман. Денеска, има значителни промени во разбирањето на мултифакториелната природа на кариозниот процес и неговото третирање.
Ana Sotirovska Ivkovska has completed her PhD in 2002 from the Faculty of Dental Medicine, Macedonia. She is professor of University "Ss Cyril and Methodius", Faculty of Dental Medicine, Republic of Macedonia. Current Head of the Masters Studies at the Faculty of Dental Medicine. He is an active member of several domestic and foreign associations: Association of Pediatric dentists of Republic of Macedonia, ORCA, FDI, IADR and IAPD. She gained her research experience at the Department of Dental Materials at the Dental Faculty in Amsterdam (ACTA). She participated in several national and international symposia and conferences actively with presentations and plenary lectures. She has over 200 publications that have been cited over 120 times, and her publication H-index is 7 and has been serving as an editorial board member of reputed Journals.
Ана Сотировска Ивковска докторирала во 2022 година на Факултетот за дентална медицина, Македонија. Таа е професор на Универзитетот „Св,Кирил и Методиј“, Стоматолошки факултет, Република Македонија. Актуелен Раководител е на последипломските студии на Факултетот за дентална медицина. Активен член е на повеќе домашни и странски здруженија: Здружение на детски стоматолози на Република Македонија, ORCA, FDI, IADR и IAPD. Своето истражувачко искуство го стекнала на Одделот за стоматолошки материјали на Стоматолошкиот факултет во Амстердам (ACTA). Учествувала на повеќе национални и меѓународни симпозиуми и конференции активно со презентации и пленарни предавања. Таа има над 200 публикации кои се цитирани над 120 пати, а нејзиниот H-индекс на публикување е 7, учествува како член на уредувачки одбор на ренимирани списанија.