Едукативен Центар Орто Дента ЕС и Македонското здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија Ве покануваат на работилница на тема ,, Денто-фацијална ортопедија и поврзаност со постуралните параметри-сеопфатен пристап за успешни резултати”.
Работилницата ќе биде во склоп на ll македонски педодонтски конгрес, а ќе ја одржи спец. Д-р Елена В. Ѓеоргиева и Д-р. Рената Јурхар.
Целта на оваа тема и работилница е да бидат прикажани најновите пристапи во третман на малоклузиите, нивно детектирање од најраната возраст, со посебен осврт кон новите трендови на ортодонтската терапија, интерцептивни и превентивни постапки. Ќе бидат направени и прикажани 3Д анализи на рбетниот столб, со помош на spinal mouse idiag уредот, како и постуралниот статус на стапалата, кај пациенти со различни типови на клинички дијагностицирани малоклузии.
Добиените резултати ќе бидат објаснети и детално проследени со учесниците, со правилен избор и препорака за вежби и физикална терапија и соодветен избор на ортодонтска терапија, за поинаков мултидисципинарен пристап.
За повеќе детали и пријавување информирајте се нa: www.ortodentaes.mk
Контакт телефон: 078/425-327
info@ortodentaes.mk
Датум: 30.05.2024
Едукативен центар Орто Дента ЕС
Цена: 3 200 денари
!!!! ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРЕТХОДНА ПРИЈАВА И УПЛАТА НА КОНГРЕСНА КОТИЗАЦИЈА
contact@iipedodonticcongress.mk