Logo

Проф. д-р Дејан Маровиќ

Prof. Dr. Dejan Markovic

Regenerative dentistry – the future that has already begun

All dentists' unmet dream has always been regenerative dentistry. The goal to heal and regenerate damaged tissue in its original, genetically specified form constituted a universal medical ideal. That is why, as the number of favorable results and successful treatment operations has risen, so has the passion for research in the field of dentistry. Today, regenerative medicine has found its place through a number of already accessible protocols that open the door for a new strategy in the treatment of illnesses and ailments other than dentistry. Starting with the pulp of deciduous teeth, the pulp of erupted and unerupted third molars, periodontal ligaments, and many more sources, the orofacial area is a substantial source of mesenchymal stem cells. These cells, produced, multiplied, and sufficiently kept in combination with growth factors, are utilized today to cure a variety of dental issues, but more significantly, research provides solid knowledge about how they affect self-healing. The mechanisms of the complex processes that occur in the pulp healing of traumatized teeth, the healing of bone defects after extraction, the process of apexification, and a variety of other clinical problems can be explained by the fine interplay of cellular systems and provide clinicians with guidance on how to successfully carry out sometimes complicated and sometimes simple therapeutic procedures. The mechanisms of therapy can be better understood with comparative scientific information and via presentations of clinical processes and cases in order to enhance clinical practice. It is therefore critical to determine the actual circumstance in which regenerative dentistry may deliver suitable outcomes and to understand how to use the relevant treatment techniques appropriately.

Регенеративна стоматологија – иднината која е веќе започната

Регенеративната стоматологија отсекогаш била неостварена желба на сите стоматолози. Желбата да се обнови и регенерира заболеното ткиво во неговата оригинална, генетски дефинирана форма, претставувало идеал на сите гранки од медицината. Затоа ентузијазмот за истражување во областа на стоматологијата многукратно се зголеми со зголемување на степенот на позитивни резултати и успешни терапевтски процедури. Денес, регенеративната медицина го најде своето место преку низа веќе достапни протоколи кои го отвораат патот за нов пристап во лекувањето, не само на денталните болести и состојби. Орофацијалната регија претставува значаен извор на мезенхимални матични клетки, почнувајќи од пулпата на млечните заби, пулпата на еруптираните и неизникнати трети молари, пародонталните лигаменти и многу други извори. Во комбинација со факторите на раст, овие клетки, израснати, умножени и адекватно зачувани, денес се користат за решавање на голем број проблеми со забите, но уште поважно е што науката нуди докажани информации за тоа како тие влијаат на самолекувањето. Механизмите на сложените процеси кои се случуваат при заздравувањето на пулпата на трауматизираните заби, заздравувањето на коскените дефекти по екстракцијата, процесот на апексификација и низа други клинички проблеми може да се објаснат преку процесот на фина интеракција на клеточните системи и даваат насоки на лекарите за тоа како успешно да ги спроведат понекогаш комплицираните, а понекогаш и едноставните терапевтски процедури. Со компаративни научни сознанија и преку прикази на клинички постапки и случаи најдобро можат да се разберат механизмите на лечење како со цел унапредување на клиничката пракса. Затоа е важно да се препознае вистинската ситуација во која регенеративната стоматологија може да даде соодветни резултати и да се знае како адекватно да се применат соодветните терапевтски процедури.

Prof. Dr. Dejan Markovic

Dejan Markovic is a full professor at the Faculty of Dentistry in Belgrade, at the Clinic for Pediatric and Preventive Dentistry. He defended his master's thesis in 1994, and his doctoral dissertation in 1998 as a specialist in pediatric and preventive dentistry. Mentor of 5 successfully completed master's theses and 14 doctoral dissertations. He supervised 70 specialist theses. He is a participant in 4 national scientific projects of the Ministry of Education and Science of the Republic of Serbia, and the European FP-6 project, as well as several professional medical projects. He is the author and head of 5 academic clinical studies, one of which is international. Prof. Dr Dejan Marković is a member of the Serbian Medical Association and the Section for Pediatric and Preventive Dentistry. He was awarded the SMS (Serbian Medical Society) Award for Scientific Research (2010) the SMS Charter (2015) and the Lifetime Achievement Award. He was elected a member of the SMS Academy of Medical Sciences in 2016. He is the organizer and participant of several scientific and professional meetings at which he held more than 150 lectures. He is a member of the board of the Balkan Association of Dentists, a member of the International Association of Pediatric Dentists, the European Academy of Pediatric Dentistry, the Association of Dentists of Serbia, and other professional and scientific associations. He is the president of the Association of Pediatric and Preventive Dentists of Serbia. Prof. Dr. Dejan Marković is the author of several textbooks in the field of pediatric and preventive dentistry, the scientific monograph "Biocompatibility of Glass ionomer cements", co-author of the scientific monograph "Building dental materials", "Dental Materials" books 1 and 2, the monograph "Tooth injuries - a guide to everyday clinical practice". He is the editor of the international scientific monograph "Scientific Thought and Clinical Practice - 10 years of BaSS" published on the occasion of ten years of the Balkan Association of Dentists. He is also the editor and author of the prominent lexicographical publication of national importance for which the Serbian Medical Association awarded him in 2010 Award for Scientific Research. He is a member of the editorial boards of the following international and domestic journals: Balkan Journal of Dental Medicine, EC Dental Science Journal, and Dental Journal of Serbia. He is also a reviewer of several reputable journals and publications. Since 2016, he has been the editor-in-chief of the Balkan Journal of Dental Medicine, the official journal of the Balkan Stomatological Society (BaSS). Prof. Dr. Dejan Marković is the author of more than 300 papers presented at international or domestic conferences or published in scientific journals, of which 70 have been published in extenso in leading international scientific journals at SCI, CC, or MEDLINE list.

Проф. д-р Dejan Марковиќ

Дејан Марковиќ е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Белград, на Клиниката за детска и превентивна стоматологија. Магистерскиот труд го одбранил во 1994 година, а докторската дисертација во 1998 година како специјалист по детска и превентивна стоматологија. Бил ментор на 5 успешно завршени магистерски трудови и 14 докторски дисертации. Надгледувал 70 специјалистички трудови. Учесник е во 4 национални научни проекти на Министерството за образование и наука на Република Србија и на европскиот проект ФП-6, како и на неколку професионални медицински проекти. Тој е автор и раководител на 5 академски клинички студии, од кои едната е меѓународна. Проф. д-р Дејан Марковиќ е член на Српското лекарско друштво и на Секцијата за детска и превентивна стоматологија. Добитник е на наградата СМД (Српско медицинско друштво) за научни истражувања (2010), СМД Повелба (2015) и Награда за животно дело. За член на СМД Академијата за медицински науки е избран во 2016 година. Тој е организатор и учесник на повеќе научни и стручни собири на кои одржал повеќе од 150 предавања. Член е на Одбор на Балканското здружение на стоматолозите, член на Меѓународната асоцијација на детски стоматолози, Европската академија за детска стоматологија, Здружението на стоматолозите на Србија и други стручни и научни здруженија. Претседател е на Здружението на детски и превентивни стоматолози на Србија. Проф.д-р Дејан Марковиќ е автор на повеќе учебници од областа на детската и превентивната стоматологија, научна монографија „Биокомпатибилност на глас јономерни цементи“, коавтор на научната монографија „Градежни стоматолошки материјали“, „Стоматолошки материјали“ книги 1 и 2, монографијата „Повреди на забите - водич за секојдневната клиничка пракса“.Уредник е на меѓународната научна монографија „Научна мисла и клиничка пракса - 10 години BaSS“ објавена по повод десет години од Балканското здружение на стоматолозите. Тој е и уредник и автор на истакнатата лексикографска публикација од национално значење за која Српското лекарско друштво му ја додели наградата за научни истражувања во 2010 година. Член е на уредувачки одбори на следните меѓународни и домашни списанија: Balkan Journal of Dental Medicine, EC Dental Science Journal, Dental Journal of Serbia. Тој е и рецензент на неколку реномирани списанија и публикации. Од 2016 година е главен и одговорен уредник на Balkan Journal of Dental Medicine, официјалното списание на Балканското стоматолошко друштво (BaSS). Проф. д-р Дејан Марковиќ е автор на повеќе од 300 трудови презентирани на меѓународни или домашни конференции или објавени во научни списанија, од кои 70 се објавени опширно во водечки меѓународни научни списанија на SCI, CC или MEDLINE листата.