Logo

Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска

Prof. Dr. Elizabeta Gjorgievska

Calcium-silicate technology: a new paradigm in endodontic treatment of pediatric patients

Calcium-silicate cements (Mineral Trioxide Aggregate - MTA - cements) are one of the most widely used dental materials and are increasingly used in endodontic procedures that include pulp regeneration and repair of hard dental tissues. From their first appearance (Portland cement) until today, a number of products (based on the original formulation with various modifications) have been developed in order to eliminate the disadvantages (difficult handling, long setting time and high cost). The ability to promote tissue regeneration and stimulate mineralization make these materials suitable for various indications, such as pulp capping, pulpotomy, apexogenesis and apexification, perforation repair, treatment of resorptions, apical surgery, and revascularization.

The lecture will address the characteristics and the mechanism of action of calcium silicates, and various clinical cases involving the indications of use, will be presented.

Калциум-силикатна технологија: нова парадигма при ендодонтскиот третман во детската возраст

Калциум-силикатните цементи (Минерал триоксид агрегатни – МТА - цементи) се едни од најупотребуваните дентални материјали и сè почесто се користат во ендодонтски процедури кои вклучуваат регенерација на пулпата и репарација на цврстите забни ткива. Од нивната појава (Портланд цемент) до денес, развиени се голем број продукти (базирани на оригиналната формулација со различни модификации) со цел да се елиминираат недостатоците (тешкото ракување, долгото време на врзување и високата цена). Можноста за промовирање на регенерација на ткивата и стимулација на минерализацијата, ги прават овие материјали погодни за различни индикации, како што е прекривањето на пулпата, пулпотомијата, апексогенезата и апексификацијата, репарацијата на перфорации, третманот на ресорптивни промени, апикалната хирургија и реваскуларизацијата.

Во предавањето ќе бидат разгледани карактеристиките, механизмот на дејство, типовите на калциум-силикати, како и индикациите за нивна употреба преку презентација на клинички случаи.

Prof. Dr. Elizabeta Gjorgievska

Elizabeta Gjorgievska is a Full Professor at the Faculty of Dentistry and Head of the Department of Pediatric and Preventive Dentistry, University Ss Cyril and Methodius, Skopje, Republic of North Macedonia. She became a MSc and specialist in Pediatric and Preventive Dentistry in 2002, and a PhD in 2006. She has conducted numerous research visits at Universities in the UK, Belgium, and the USA and has been associated with several international research projects. She has published more than 90 papers. She was part of the organization and scientific committees of several national and international symposia and conferences. She has given lectures and workshops at scientific conferences in Macedonia and abroad (UK, USA, Ukraine, Croatia, Turkey, Serbia, Georgia, Spain, etc.). She is an author of 2 and a co-author of 3 monographs, and an editor and a co-author of a recently published textbook in Pediatric dentistry. In the period 2010-2014 she was a President of the Macedonian Pedodontic Association. She is a member of MDA, FDI, IAPD, UKSB and a visiting professor at Columbia University, NY, USA.

Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска

Елизабета Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија. Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти. Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции. Држела предавања и работилници на научни конференции во Северна Македонија и во странство (Велика Британија, УСА, Украина, Хрватска, Турција, Србија, Шпанија, Грузија итн.). Автор е на 2 и ко-автор на 3 монографии, и уредник е и коавтор на улебникот „Детска стоматологија“, издаден 2022 година. Во периодот, 2010-2014 година беше претседател на Македонското здружение по детска и превентивна стоматологија. Таа е членка на MDA, FDI, IAPD, UKSB и визитинг професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД.