Logo

Проф. д-р Фиген Сејмен

Prof. Dr. Figen Seymen DDS, PhD

Developmental Anomalies of Enamel

Developmental anomalies of enamel (DDE) are frequently observed in clinical practice of paediatric dentists. DDE are alterations in quality and quantity of the enamel, caused by disruption and/or damage to the enamel organ during the amelogenesis process. The formation of human enamel is highly regulated at the molecular level and involves thousands of genes. Anomalies that affect the formation of enamel are due to genetic, systemic, local, or unknown causes. In general, defects in enamel formation due to either systemic or local etiologies will have various presentations depending upon which stage of enamel formation the insult occurred. The mode of inheritance of enamel defects will result in various clinical problems. DDE can have a significant impact on oral health; esthetics, tooth sensitivity, susceptibility to dental caries, erosion, tooth wear and occlusal functions. Correct diagnosis according to lesion depth and prognosis of the technique are fundamental factors in the treatment decision-making process. The aim of this presentation is to describe the developmental anomalies affecting enamel with differential diagnosis and management approaches.

Развојни аномалии на емајлот

Развојните аномалии на емајлот (DDE) се често присутни во клиничката пракса на педодонтите. DDE претставуваат промени во квалитетот и квантитетот на емајлот, предизвикани од пореметување и/или оштетување на емајловиот орган за време на процесот на амелогенеза. Формирањето на хуманиот емајл е високо регулирано на молекуларно ниво и вклучува илјадници гени. Аномалиите кои влијаат на формирањето на емајлот се должат на генетски, системски, локални или непознати причини. Општо земено, дефектите во формирањето на емајлот предизвикани од системски или локални етиолошки фактори ќе имаат различни презентации во зависност од тоа во која фаза на формирање на емајлот настанало оштетувањето. Начинот на наследување на дефектите на емајлот ќе резултира со различни клинички проблеми. DDE може да има значително влијание врз оралното здравје; естетика, чувствителност на забите, подложност на дентален кариес, ерозија, неповратна загуба на забните структури и пореметување на оклузалните функции. Правилната дијагноза поставена според длабочината на лезијата и видот на превземените техники се фундаментални фактори во процесот на одлучување за лекување. Целта на оваа презентација е да ги опише развојните аномалии на емајлот со диференцијални дијагнози, начини и пристапи за справување.

Prof. Dr. Figen Seymen DDS, PhD

Figen Seymen graduated from the Faculty of Dentistry, Istanbul University, Türkiye, and obtained a Ph.D. degree and MSc degree from the same University and became a Professor of Pediatric Dentistry at Istanbul University Faculty of Dentistry in 2002. She has more than 34 years of experience in Academics in all aspects of dental education, didactic, clinical/patient care, and research mentoring for both MS and Ph.D. students. She has lectured as an invited speaker and has participated in many presentations at congresses and continuous education courses. She is a member of various International Scientific Societies and Associations. Between 2014 and 2017 she was the head of the Department of Paediatric Dentistry at Istanbul University. In 2014 she was elected as President of the Turkish Society of Paediatric Dentistry and still she is continuing to serve as the President. She served as President of the Association of Mediterranean Societies of Pediatric Dentistry between 2014-2018 and still serves as a member of the Board of Directors. She was Councillor of the European Academy of Paediatric Dentistry (EAPD) between 2012-2018 and then held the following position: a member of the Credentials Committee. She served as a member of the Membership Committee of IAPD between 2017-2019. She began to serve as a Board member of the International Association of Paediatric Dentistry (IAPD) in 2019 and held the position of Chair of the Education Committee and Representative of the Nations between 2019 to 2021. She was elected as President-Elect of IAPD in 2021 and she begin to serve as President of IAPD in June 2023. She is on the Advisory Board and Editorial Board of several international and national journals and published over 300 research papers-articles and co-authored several book chapters and obtained research grants. Prof. Dr. Figen Seymen has been working in all fields of pediatric and preventive dentistry, and especially enamel anomalies, dental anomalies, genetics, syndromes, and aesthetic treatments of tooth anomalies are among her special interests. She worked at Istanbul University Paediatric Dentistry from 1987-2022. In February 2022 she was appointed Chair and Program director at the Department of Pediatric Dentistry of Altınbas University.

Проф. д-р Фиген Сејмен

Фиген Сејмен дипломирала на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Истанбул, Турција, каде што магистрирала и докторирала. Во 2002 године е избрана е за професор по детска стоматологија на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Истанбул. Таа има повеќе од 34-годишно академско искуство во сите аспекти на стоматолошка едукација, дидактичко, клиничко, грижа за пациенти и истражувачко. Била ментор на голем број магистранти и докторанти. Одржала голем број предавања како поканет предавач и учествувала на многу конгреси и курсеви за континуирана едукација. Таа е член на различни меѓународни научни здруженија и асоцијации. Помеѓу 2014. и 2017 година била раководител на Катедрата за детска стоматологија на Универзитетот во Истанбул. Во 2014 година била избрана за Претседател на Турското здружение за детска стоматологија а функцијата сè уште ја извршува. Помеѓу 2014-2018 година била Претседател на Медитеранското друштво за детска стоматологија и сè уште работи како член на Одборот на директори. Помеѓу 2012-2018 година била советник на Европската академија за детска стоматологија (EAPD), а сега е член на Комитетот за акредитиви. Од 2017-2019 година била член на Комитетот за членство на IAPD. Во 2019 година била член на Одборот на меѓународната асоцијација за детска стоматологија (IAPD), а помеѓу 2019 и 2021 година и претседател на Комитетот за образование и претставник на нациите. Во 2021 година е избрана за Претседател на IAPD, а на таа функција е од јуни 2023 година. Член е на Советодавниот и уредничкиот одбор на неколку меѓународни и национални списанија и има објавено над 300 истражувачки трудови, а коавтор е на неколку поглавја од книги. Има добиено повеќе грантови за истражување. Проф. д-р Фиген Сејмен работи во сите сфери на детската и превентивната стоматологија, а од особен интерес и се аномалиите на емајлот, денталните аномалии, генетиката, синдромите и естетските третмани на аномалиите на забите. Од 1987-2022 година работела на Катедрата за детската стоматологија на Универзитетот во Истанбул, а од.февруари 2022 година е назначена за Претседател и програмски директор на Катедрата за детска стоматологија на Универзитетот Алтинбас.