Logo

Проф. д-р Филип Канг

Prof. Dr. Philip Kang

Myths and Realities of Lasers: An Unbiased Review of Different Wavelengths

Various dental laser wavelengths have emerged as adjunct tools to manage various clinical cases in both adult and pediatric populations. However, tremendous heterogeneity in treatment outcomes and controversy still remain. Pertaining to periimplantitis treatment, even more conflicting data exists in both clinical and research settings. While the recent American Academy of Periodontology Best Evidence Consensus has demonstrated little benefit with the use of lasers, an increasing number of clinicians are employing laser therapy in their practices, and more practitioners are convinced with positive clinical outcomes. This presentation will highlight an unbiased review of various lasers, challenges associated with clinical research, currently available scientific evidence, and future directions.

Митови и реалности на ласерите: непристрасен преглед на различни бранови должини

Различните бранови должини на денталните ласери се појавија како помошни алатки за управување со различни клинички случаи и кај возрасната и кај детската популација. Сепак, огромната хетерогеност во резултатите од третманот и контроверзите околу тоа, сè уште постојат. Што се однесува до третманот на периимплантитис, постојат уште повеќе конфликтни податоци и во клиничките и во истражувачките поставки. Додека „Американската Академија за пародонтологија Консензус на најдобри докази“ покажа мал бенефит од употребата на ласерите, сè поголем број клиничари користат ласерска терапија во своите ординации, и сѐ повеќе се убедени во позитивните клинички исходи. Оваа презентација ќе даде непристрасен преглед на различни видови ласери, предизвици поврзани со клиничките истражувања, моментално достапни научни докази и идни насоки.

Prof. Dr. Philip Kang

Dr. Philip Kang is a diplomate of the American Board of Periodontology. Currently, he is serving as Program Director of Postgraduate Periodontics at Columbia University College of Dental Medicine. Prior to Columbia, Dr. Kang held a faculty position at the University of Pennsylvania as Clinical Assistant Professor in the Department of Periodontics. He received his dental degree at the University of Michigan and then certificates in AEGD and in Periodontics at Harvard University and the University of Pennsylvania, respectively. Dr. Kang maintains a private practice with a heavy focus on the use of lasers for various treatment modalities. Over the past decade, he has obtained knowledge and clinical experience in major wavelengths i.e. Er,Cr;YSGG, Er:Yag, Nd:Yag, CO2, and diodes. His research on laser-related topics has been published in numerous peer-reviewed journals, and he continues to lecture extensively to share his passion and knowledge on various lasers.

Проф. д-р Филип Канг

Д-р Филип Канг е претставник на Американскиот одбор за пародонтологија. Во моментов, работи како програмски директор за постдипломската студиска програма за пародонција на Универзитетскиот колеџ за дентална медицина Колумбија во Њу Јорк, САД. Пред да дојде на Универзитетот Колумбија, д-р Канг беше на позиција клинички асистент професор на Универзитетот во Пенсилванија, на Катедрата за пародонтологија. Дипломирал на Универзитетот во Мичиген, а потоа се здобил со стресертификати за напредно образование по општа стоматологија (Advanced Education General Dentistry Certificate AEGD) и за пародонтологија на Универзитетот Харвард и Универзитетот во Пенсилванија. Д-р Канг има приватна ординација фокусирана на употребата на ласери за различни модалитети на третман. Во текот на изминатата деценија, тој се здоби со знаење и клиничко искуство за работа со различни бранови должини на различни ласерски системи, како Er, Cr;YSGG, Er:Yag, Nd:Yag, CO2 и диоди. Неговите истражувања на теми поврзани со ласерот се објавени во бројни рецензирани списанија, и продолжува да држи опсежни предавања за да ја сподели својата страст и знаење за различни видови ласери.