Logo

Проф. д-р Сванте Твитман

Prof. Dr. Svante Twetman

Prevention of caries as a non-communicable disease

Advances in the understanding of the oral microbiome have underpinned the fact that dental caries is a Non-Communicable Disease (NCD), sharing risk factors with other lifestyle related NCDs within the metabolic syndrome. Caries prevention and management requires therefore a holistic approach to maintain a balanced dental biofilm and counteract perturbations causing an imbalance, or dysbiosis, of the oral ecosystem. Irregular mechanical disruption and a high-sugar diet are driving functional modifications of the dental microbiome, decreasing the population of health-associated genera and species and increasing abundance of others. In this context, the first 1000 days of life provide a unique window of opportunity for modulating the dental microbiota through interventions. Examples are sugar restrictions (amount and frequency), and pre- and probiotics. In addition, “classical” approaches such as twice-daily tooth cleaning with fluoride and topical applications of high-fluoride products that hamper the metabolic activity are helpful tools to preserve a health-associated composition of the dental biofilm.

Превенција на кариесот како незаразна болест

Напредокот во разбирањето на оралниот микробиом го поткрепи фактот дека денталниот кариес е незаразна болест (НЗБ), која ги споделува ризик-факторите со другите НЗБ поврзани со животниот стил во рамките на метаболичкиот синдром. Затоа, превенцијата и управувањето со кариесот бара холистички пристап за одржување на избалансиран дентален биофилм и неутрализирање на растројствата што предизвикуваат нерамнотежа или дисбиоза на оралниот екосистем. Неправилните механички нарушувања и исхраната со висока содржина на шеќери, предизвикуваат функционални модификации на денталниот микробиом, намалувајќи ја популацијата на родови и видови „корисни“ микроорганизми и зголемување на бројот на други. Во овој контекст, првите 1000 дена од животот даваат единствен прозорец на можности за модулирање на денталниот микробиом преку интервенции. Примери се ограничувањата на внес на шеќери (количина и фреквенција) и пре- и пробиотици. Дополнително, „класичните“ пристапи како што е четкањето на забите двапати дневно со флуор, како и локална апликација на производи со висока содржина на флуор што ја попречуваат метаболичката активност на микроорганизмите, се корисни алатки за зачувување на составот на забниот биофилм.

Prof. Dr. Svante Twetman

Svante Twetman is professor emeritus in cariology at the Faculty of Health and Medical Sciences, University of Copenhagen Denmark. He is also a licensed clinical specialist in pediatric dentistry. The research addresses the role of the oral biofilm in health and disease, risk assessment and caries prevention, in particular among children and adolescents. The most recent interest deal with biofilm control through pre- and probiotic supplements for the prevention and maintenance of oral health. Throughout the years, Dr. Twetman has combined clinical trials with explorative studies in the laboratory and authored over 300 peer-reviewed papers and textbooks. He is chairing the scientific board of the Swedish Agency for Health Technology Assessment and Assessment of Social Services and thereby involved in systematic reviews and mapping of knowledge gaps. Among several international awards, he received the IADR Distinguished Scientist Award in 2010 and the IADR Borrow Award in 2011.

Проф. д-р Сванте Твитман

Сванте Твитман е почесен професор по кариологија на Факултетот за здравствени и медицински науки на Универзитетот во Копенхаген, Данска. Тој е и специјалист по детска стоматологија. Неговите истражувања се во насока на улогата на оралниот биофилм поврзани со здравјето и болестите, проценката на ризикот за настанување на денталниот кариес и негова превенцијаја, особено кај децата и адолесцентите. Неговата најнова сфера на интерес е контрола на биофилмот преку пре- и пробиотски додатоци за превенција и одржување на оралното здравје. Низ годините, д-р Твитман комбинираше клинички испитувања со лабораториски истражувачки студии и е автор на преку 300 рецензирани трудови и учебници. Тој е Претседател на научниот одбор на Шведската агенција за проценка на здравствената технологија и проценка на социјалните услуги со што е вклучен во систематски прегледи и мапирање на празнините во знаењето. Меѓу неколкуте меѓународни награди, тој ја доби наградата IADR Distinguished Scientist Award во 2010 година и IADR Borrow Award во 2011 година.