Good looks are highly appreciated in modern culture, and white, healthy teeth and a charming smile are connected with youth and health. As a result, cosmetic operations, particularly teeth whitening, are among the most commonly requested dental services among those under the age of 20. Tooth discoloration can be caused by external pigmentation, endogenous substances that operate during tooth development, tooth damage, or endodontic difficulties, but it can also be caused by other oral illnesses or situations that expose interior layers of dental tissue. Today, treatments based on hydrogen or carbamide peroxide in various strengths are available for professional and home usage for teeth whitening. Regardless of the procedure chosen, an expert must regulate and monitor the outcomes during the whitening process in order to reduce the potential of undesirable occurrences and obtain the desired aesthetic impact. In the case of structural dental anomalies, the treatment to improve the aesthetic appearance of the teeth (micro-invasive therapy - resin infiltration, microabrasion, and teeth whitening or minimally invasive restoration) is determined by the severity of the disease, i.e., / the clinical appearance of the defect. The presentation will cover application indications and contraindications, clinical processes, benefits, downsides, and restrictions, as well as potential adverse effects of different cosmetic procedures in children and adolescents.
Во современото општество убавиот изглед се наоѓа високо на скалата на вредности, а белите, здрави заби и убавата насмевка се синоним за младост и добро здравје. Затоа естетските процедури, особено белењето на забите, се меѓу најчесто бараните стоматолошки услуги за лица под 20-годишна возраст. Промената на бојата на забите може да настане како резултат на егзогена пигментација, ендогени фактори кои делуваат за време на формирањето на забите, како резултат на повреда на забите или ендодонтски компликации, но и како резултат на други орални заболувања или состојби кои подразбираат изложеност на внатрешните слоеви на забното ткиво. За професионална и домашна употреба, за избелување на забите, денес се достапни препарати на база на водород или карбамид пероксид со различни концентрации. Без разлика на избраниот метод, при процесот на белење, потребна е контрола и следење на резултатите од стручно лице со цел да се минимизира можноста од несакани појави за постигнување на саканиот естетски ефект. Во случај на структурни аномалии на забите, изборот на третман за подобрување на естетскиот изглед на забите (микроинвазивна терапија - инфилтрација со смола, микроабразија и белење на забите или минимално инвазивна реставрација), се врши во зависност од тежината на болеста, т.е. клиничкиот изглед на дефектот. На предавањето ќе бидат претставени индикации и контраиндикации за примена, клиничка процедура, предности, недостатоци и ограничувања, како и можни несакани ефекти од различни естетски зафати кај деца и адолесценти.
Prof. Dr. Tamara Peric graduated from the University of Belgrade's Faculty of Dentistry in 2001. She defended her master's thesis "Possibilities of applying the system for chemical-mechanical removal of carious dentin" in 2005 and her doctorate thesis "Anti-caries potential of calcium phosphate in people with salivary gland hypofunction" in 2011. She is a pediatric and preventative dental specialist. She has worked at the University of Belgrade's Faculty of Dentistry since 2004. She has published over 70 publications in scientific and professional journals, presented over 140 papers at international and national events, and given several invited lectures. She has co-written 12 textbooks and monographic papers. She is involved in a number of scientific and health projects, as well as clinical research. She won first place in the clinical research category at the International Association of Dental Traumatology's 16th Congress (2010), a certificate of appreciation (2015) and a plaque (2018) from the Serbian Medical Society, and the IADR Centennial Award for New Investigators (2020).
Проф. д-р Тамара Периќ дипломирала на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Белград во 2001 година. Магистерскиот труд „Можности за примена на системот за хемиско-механичко отстранување на кариозниот дентин“ го одбранила во 2005 година, а докторската теза „Анти-кариес потенцијал на калциум фосфат кај лица со хипофункција на плунковните жлезди“ во 2011 година. Таа е специјалист по детска и превентивна стоматологија. Вработена е на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Белград од 2004 година. Досега објавила над 70 трудови во научни и стручни списанија, презентирала повеќе од 140 трудови на меѓународни и национални собири и одржала бројни предавања како поканет предавач. Коавтор е на 12 учебници и монографски публикации. Учесник е во бројни научни и здравствени проекти и клинички студии. Добитник е на првата награда во категоријата клиничко истражување на 16-тиот конгрес на Меѓународната асоцијација за дентална трауматологија (2010), благодарница (2015) и плакета (2018) од Српското медицинско друштво, како и наградата IADR Centennial for New Investigators (2020).