Guiding and controlling a child's behavior is one of the most important tasks of any dentist working with children. Behavior control is performed in a variety of ways, and general anesthesia is the last resort that specialized facilities may use when other methods are unsuccessful. The work of a dentist under general anesthesia is extremely demanding and requires cooperation with a whole team of experts. In our facility, this form of work has been carried out since 2016, and during this period around 800 procedures have been performed under general anesthesia. The population that turns to us consists mainly of children with developmental difficulties and children who are uncooperative in smaller numbers. It is known that children with developmental disabilities are more prone to tooth decay and therefore have a greater need for dental services. An analysis of all referral diagnoses for such interventions was undertaken to show which groups are most represented. An overview is also given of all the complications that occur with such a large number of procedures in high-risk children. At the same time, all the procedures used in such patients are presented, with a particular focus on the different anesthesia techniques used on a daily basis in such situations.
Контролирањето на однесувањето на детето е една од најважните задачи на секој стоматолог кој работи со деца. Контролата на однесувањето се спроведува на различни начини, а општата анестезија е последната мерка што специјализираните институции можат да ја применат кога ниту еден друг пристап не дава резултати. Работата на стоматолог под општа анестезија е исклучително напорна и подразбира соработка со цел тим експерти. Во нашата установа овој облик на работа се спроведува од 2016 година и во тој период се направени околу 800 зафати под општа анестезија. Популацијата која гравитира кон нас ја сочинуваат главно деца со тешкотии во развојот, а во помал број и деца кои се некооперативни. Познато е дека децата со пречки во развојот имаат зголемена склоност кон кариес и соодветно, зголемена потреба за стоматолошки услуги. Направена е анализа на сите упатни дијагнози за вакви интервенции, за да се види кои групи се најзастапени. Ќе биде презентиран и преглед на сите компликации кои го придружуваа толку голем број интервенции кај високоризичните деца. Истовремено, ќе бидат презентирани сите процедури кои се применуваат кај овие пациенти, со посебен осврт на различните техники за анестезија кои секојдневно се применуваат во вакви ситуации.
Prof. Dr. Željko Verzak was born in Vinkovci on April 17, 1967. He completed his elementary school, music school "Josip Runjanin," and high school in Vinkovci as well. He enrolled at the Faculty of Dentistry at the University of Zagreb in 1987 and graduated in 1993 as a full-time student. The English and German languages are frequently utilized. From the start of his professional career, he has held positions at the Faculty of Dentistry in Zagreb and the Dental Clinic of KBC Zagreb. Throughout his academic pursuits, he served as a demonstrator for a span of two years at the Department of Microbiology and the Department of Anatomy within the Faculty of Medicine and Dentistry. Since October 1994, he has been employed as a scientific trainee at the Institute of Pedodontics. On December 18, 1997, he was promoted to the position of assistant at the same institute, where he continues to work presently. The master's thesis titled "The importance of dentinogenesis imperfecta in the categorization of osteogenesis imperfecta", supervised by Professor Dr. Sc. Ančica Pećin-Hrncevic successfully defended it in 1997 and was awarded the academic title of Master of Science. In 1996, he began focusing his expertise on pedodontics at the Dental Clinic of KBC Zagreb, and successfully completed the specialized examination in 1999. The doctorate dissertation titled "The Effect of Warfare on the Dental Health of Children in Eastern Slavonia", supervised by Prof. Dr. Sc. Zdravko Rajić was successfully defended on November 2, 2001, resulting in the attainment of the Doctor of Science degree. In 2003, he was appointed as an assistant professor. On January 30, 2007, the Matric Board for the field of biomedicine and health elected him to the scientific title of senior research associate in the field of dentistry. Subsequently, he was elected to the scientific-teaching title of associate professor at the Institute for Pediatric and Preventive Dentistry. In 2013, he was re-elected as an associate professor at the Institute for Pediatric and Preventive Dentistry, specializing in scientific teaching. In 2016, he was appointed as a scientific advisor in the field of biomedicine and health, specifically in the field of dental medicine. In 2017, he attained the position of full professor, and in 2021, he secured the role of permanent scientific advisor. Since 2022, he has had a tenured job as a full-time professor in a scientific teaching role. He has held the following positions: Head of the Institute for Children's and Preventive Dentistry since 2014, Head of the Polyclinic for Dentistry from 2011 to 2014, and Head of the Traumatology Center from 2009 to 2011. He holds the position of director at the Reference Center for Prevention in Dental Medicine of the Republic of Croatia and serves as the president of the Society for Hospital Dentistry/Special Care Dentistry of the Croatian Medical Association. A more specialized area of scientific and professional focus includes caries prevention, craniofacial anthropometry, medical risk factors, dental erosion prevention, dental traumatology, and dental management. He established the Day Hospital for one-day oral surgery at KBC Zagreb and played a key role in establishing the Reference Center for Prevention in Dental Medicine in the Republic of Croatia. Additionally, he established the Hospital Dentistry Society of HLZ. He has co-authored four university textbooks and contributed as a collaborator, specifically translating three chapters, to another university textbook. He served as a critic for the university textbook titled "Psychology for Doctors" written by Prof. Dr. Predrag Zarevski.
Проф.д-р. Жељко Верзак е роден во Винковци на 17 април 1967 година, каде завршил основно училиште, музичко училиште „Јосип Руњанин“ и гимназија. На Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб се запишал во 1987 година и дипломирал како редовен студент во 1993 година. Активно се служи со англиски и германски јазик. Од почетокот на своето работно искуство е вработен на Стоматолошкиот факултет во Загреб и на Стоматолошката клиника на КБЦ Загреб. За време на студиите две години работи како демонстратор на Катедрата за микробиологија на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет и на Катедрата за анатомија на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет. На Институтот за педодонција работи од октомври 1994 година како научен приправник, а на 18 декември 1997 година е избран за асистент на истиот Институт каде што работи и денес. Магистерскиот труд под наслов „Значењето на dentinogenesis imperfecta во класификацијата на osteogenesis imperfecta“, под менторство на проф. д-р. sc. Анчица Пеќин-Хрнчевиќ ја одбранил во 1997 година и се стекнал со академски степен магистер на науки. Во 1996 година започнал со специјализација по педодонција на Стоматолошката клиника на КБЦ Загреб, а специјалистичкиот испит го положил во 1999 година. Докторската дисертација со наслов „Влијанието на војната врз оралното здравје на децата во Источна Славонија“, под менторство на проф. д-р. sc. Здравко Рајиќ ја одбранил на 2 ноември 2001 година и со тоа се стекнал со академски степен доктор на науки. За доцент е избран во 2003 година. На 30.01.2007 година со одлука на Матичниот одбор за областа на биомедицината и здравството е избран во научно звање виш научен соработник од научната област биомедицина и здравство - областа стоматологија, по што е избран во научно-наставно звање вонреден професор на Институтот за детска и превентивна стоматологија. Во 2013 година е реизбран во научно-наставно звање вонреден професор на Институтот за детска и превентивна стоматологија. Во 2016 година е избран за научно звање научен советник од научната област биомедицина и здравство - областа стоматолошка медицина. Во 2017 година е избран за редовен професор, а во 2021 година е избран за постојан научен советник. Од 2022 година е на научно наставно место редовен професор на постојана позиција. Во периодот до сега ги извршуваше следните позиции: Раководител на Завод за детска и превентивна стоматологија од 2014 година, раководител на Поликлиника за стоматологија од 2011 година до 2014 година и раководител на Центарот за трауматологија од 2009 година до 2011 година. Тој е директор на Референтниот центар за превенција во денталната медицина на Република Хрватска и претседател на Друштвото за болничка стоматологија/Стоматологија за специјална нега на Хрватското лекарско друштво. Потесна област на научна и стручна работа е превенција на кариес, краниофацијална антропометрија, медицински ризични состојби, спречување на дентална ерозија, дентална трауматологија и менаџмент во стоматологијата. Основач е на Дневната болница за еднодневна орална хирургија во КБЦ Загреб и ко-основач на Референтниот центар за превенција во денталната медицина во Република Хрватска. Тој е исто така основач на Друштвото за болничка стоматологија на ХЛЗ. Коавтор е на четири универзитетски учебници и бил соработник (преведувач на 3 поглавја) на еден универзитетски учебник. Бил рецензент на универзитетскиот учебник: „Психологија за доктори“ чиј автор е проф.д-р. Предраг Заревски.